Кумановската докторка по 40 дена позитивен , доби прв негативен резултат на корона

Докторката Гордана Николиќ која на работно место се зарази со корона ворусот објави дека по 40 дена лекување дома добила прв негативен резултат. Таа го чека резултатот и од вториот брис. Стана позната по нејзиниот јавен говор за болеста ризиците и недостатоците и пропустите на државниот апарат во справување со короната , вирус од кој и самата се разболе. Еве како докторката ја сподели радосната вест :

Е морам нов статус!!! …. Прв пат НЕГАТИВЕН брис, од првиот позитивен на 23 ти март и сите потоа беа позитивни, се до сега ! Се радувам како дете ! Еве и пивото од фрижидер го најдов да наздравам, за сега уште само на тераса можам да си наздравам сама со себе ! 🍺 Стискајте палци и за вториот брис што ќе ми го земат утре. ♥️

Total
0
Shares
Поврзани објави