Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија повикува во земјата да се почитува основното право на плата од работниците кои се заболени или пак се во изолација поради пандемијата со Ковид – 19.
КСС смета дека носење измени со заклучоци, акти или слично од страна на Владата не може да го укине или отстрани нашето право кое ни припаѓа согласно Законот за безбедност и здравје при работа.
„Напоменуваме ЗАКОН, а Владата од најразлични причини сака да го суспендира Законот со заклучок. Не господа, Закон може да измени само законодавниот дом, а тоа е Собранието„ се вели во соопштението од КСС.
Тие тврдат според законските прописи треба да се направи ажурирана проценка на ризик на работно место и да се изготви нова изјава за безбедност, согласно именуваниот Закон за БЗР.
„Законот во член 11, потенцираат, е јасен и сето ова го објаснува, но исто така е јасен дека ова е повреда на работно место“, објаснуваат од КСС.
Според нив, работодавачот е должен да ги заштити работниците согласно Законот за БЗР.
„Секое заболување на работно место од Ковид-19 се смета за повреда на работното место и се исплаќа 100 проценти боледување“, в елат тие и додават дека Инспекторатот за труд е одговорен за следење на состојббата.
КСС инсистира на почитување на работничките права и во текот на пандемијата и повикува сите организации кои се борат за работничките права да не подлегнуваат на манипулации од одредени структури кои од најразлични лични интереси се обидуваат да подметнат нелогичности.
Време е време да се покаже солидарност и да се стави крај на сите тие што злоупотребуваат за личен профит и интерес, велат во КСС.