Ковид-19 е непредвидлив, лекуваме пациенти по осум недели, ги губиме за секунда

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стефановиќ во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 ја истакна непредвидливоста на ковид-19 со која се соочуваат здравствените работите кои лекуваат пациенти по осум недели, а ги губат во секунда.

Се соочуваме со исклучително тешки пациенти при самиот прием, кога е тешко да се помогне и да се спаси пациентот. Но исто така има и пациенти кои се навреме примени, лекувани 8 недели на третман, и кога мислите сте ја завршиле работата, и кога сте мислеле дека е стабилно, се е во ред, во следните неколку часа ситуацијата се влошува и го губиме за секунда, рече Стефановиќ.

Таа се осврна и на високиот број смртни случаи за што истакна дека е очекуван со оглед и на зголемените бројки на новозаболени и хоспитализирани лица.

И светските трендови покажуваат дека со зголемување на бројот на нови случаи и пополнување на капацитетите, расте и бројот на смртни случаи. Максимално сме транспарентни кон јавноста за сите бројки, па и на бројката на смртност, истакна Стефановиќ.

Total
0
Shares
Поврзани објави