Короната ги нападна најмалите, за две недели над 200 деца до 9 години се заразиле со ковид-19

Дел од децата хоспитализирани во болницата во Козле имаат потреба од кислородна поддршка поради намалената сатурација, информираше денеска директорот Бесник Зекири

Вкупно 64 ученици и 88 наставници кои следат настава со физичко присуство се позитивни на ковид заклучно со податоците до 15 март на Министерството за образование и наука

Ако Комисијата за заразни болести процени дека се потребни дополнителни мерки јавноста ќе биде навремено информирана, велат од Министерство за здравство.

Во последните две недели коронавирусот брзо се шири и меѓу најмладата популација во земјава, односно кај децата до девет години. Ова го покажуваат и јавно достапните анализи од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кој еднаш седмично ги споделува за состојбата со ковид-19 во земјава.

Во анализата на ИЈЗ за периодот од 1 до 7 март бројот на деца до девет години потврдени со ковид-19 се зголемил за дури 104, а за периодот од 8 до 15 март за истата возрасна група бројот се зголемил за 116, односно за половина месец вкупно се регистрирани нови 220 деца позитивни на вирусот.

Од почетокот на епидемијата во земјава во возрасната група до девет години се регистрирани вкупно 2 254 позитивни на ковид-19.

анализа на 360 степени

Total
0
Shares
Поврзани објави