Корона кризата остави без работа над три илјади млади

Речиси 12 000 луѓе останаа без работа и егзистенција, а околу 3 300 од нив се млади под 29 години, не сметајќи ги лицата кои работат во неформалната економија, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

„Секој четврти кој останал без работа е млад човек под 29 години, што дополнително ја отежнува состојбата со младинската невработеност во земјата која е меѓу највисоките во Европа, а изнесува 35 насто, целат од Сојузот на синдикати во пресрет на денешното одбележување на Меѓународниот ден на младите.

Од таму повикуваат да се слушне и нивниот глас и бараат сите релевантни чинители во општеството, не само декларативно, туку реално да обезбедат поголема заштита за нивните рабтонички права и да обезбедат сигурни работни места, поголема социјална и економска сигурност и инклузивност во процесот на креирање на младинските политики.

„Ние, како млади луѓе сакаме слобода и право на синдикално организирање, затоа што сме свесни дека колективната борба е борба за подобро утре за сите, истакнуваат младите од ССМ.

Под мотото „Кризата не боли и нас“, секцијата на млади на Сојуз на синдикатите на Македонија ССМ (СМССМ) заедно со младите вработени, членови на синдикатите од регионот и Европа се приклучува кон одбележување на Меѓународниот ден на млади, 12 август, Активни млади за глобална акција. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави