Кој прележел Ковид-19 како да имал срцев удар

Дури 78 отсто од луѓето кои прележале Ковид-19 имааат последици слични на срцев удар со  оштетувања на срцевиот мускул, покажа најново истражување на реномираниот JAMA Cardiology.

Кај 60 проценти е забележано континуирано воспаление на мускулот и два месеци по болеста.

Во студијата биле опфатени 100 пациенти. Од нив 53 проценти биле мажи, а 47 отсто жени. Повеќето или 67 проценти се лекувале дома, додека 33 отсто биле хоспитализирани. Од тие два проценти биле на механичка вентилација.

Средната старост на пациентите 49 години, претходни хронични болести имало и кај пациентите што се лечеле дома и кај хоспитализираните.

Меѓу испитаниците 25 проценти се жалеле на истоштеност и недостаток на здив и по оздравувањето. Од тие само 4 проценти претходно биле хоспитализирани.

Total
0
Shares
Поврзани објави