Караџовски: Ако не си помогнеме сами, нема да можат ни 500 доктори

Комисијата за заразни болести во борбата против Ковид-19 нема да посегне по драстични мерки како што е полицискиот час и прогласување на вонредна состојба бидејќи со тоа ќе се затворат компаниите, а луѓето ќе останат без работа.

Претседателот на Комисијата Жарко Караџовски предупреди дека ако граѓаните не ги почитуваат мерките ќе се преполнат болничките капацитети и ќе нема каде да се лекуваат болните.

– Не сме ги исцрпеле уште сите мерки за да можеме да размислуваме за полициски час. Но, доколку ништо од ова не се почитува, што ни останува понатака. Затоа ве замолувам и медиуми и населние, самите ако не си помогнеме, не можат да ни помогнат уште 500 доктори , 500 сестри и уште 20 болници. Сето тоа ќе се исполни брзо, ако имаме зголемен број, а ние работиме уште од март месец со засилено темпо, рече Караџаовски.

Тој смета дека концертите и журките се главната причина за зголемување на бројките во последните три дена, каде никој не носел и не држеле растојание .

– На овие настани никој не носеше маска, тоа го видовме и во медиумите. Од анкетите што ги направивме увидовме дека тоа се луѓе помеѓу 20 и 39 години и ова ни укажува дека тие не биле на домашна свеченост, туку во локал на журка, каде што имало групирање и не се почитувале мерките“, вели Караџовски.

Според него, со доаѓањето на сезонскиот грип, можноста за зголемување на бројот на заразени поради групирање во затворен простор ќе биде поголема.

Total
0
Shares
Поврзани објави