Кандидат за премиер позитивен на вирусот нема да гласа но и граѓаните кај кои е потврден Ковид-19 по 8- ми јули

Кандидат за премиер на една од владејачките партии нема да гласа на утрешниите избори бидејќи е позитивен на Ковид-19. Решението го добил денеска, но не знае кога и каде се заразил со вирусот. Во текот на изборната кампања имал контакт со многу државни и партиски функционери, но и со граѓани. Неговото пшоследно јавно обраќање е на 12.јули.
Од Државната изборна комисија велат дека сите граѓани кои по 8 ми јули добиле резултати дека се позитивни на Ковид-19 нема да можат да го остварат нивното право на глас на овие предвремени парламентарни избори.

Граѓаните кај кои е потврден вирусот и кои се во изолација гласаа вчера и тоа е завршен процес. Тие имаа право да се пријават да го остварат правото на глас заклучно со 8 јули. Сите кои имаат добиено резултати по овој датум нема да можат да отидат утре на избирачките места и да го остварат нивното избирачко право. Истото важи и за кандидатот за премиер и за кој било друг, вели претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. 

Total
0
Shares
Поврзани објави