Кај починатите мајка и син во Велес откриено присуство на Ковид 19

Една од двете жртви на семејството Маноилови, кои беа пронајдени мртви во нивниот стан во Велес, е позитивна на вирусот „КоВид-19“, потврди министерот Венко Филипче.

79-годишната жена починала како резултат на вирусот, додека нејзиниот син, кој исто така бил пронајден мртов, бил негативен на тестирањето.

Министерот потврди дека во дишната регија на почината било утврдено присуство на КОВИД19.

Соседите од зградата во која живееше семејството Маноилови го пријавиле случајот како резултат на лошата мирисба од станот.

Случајот предизвикува сомнежи дали можеби вирусот КОВИД -19 е активен уште од декември, за што се дискутираше и на тогашниот состанок на Комисијата за заразни болести, а Филипче не ја исклучи и таа можност со оглед на присуството на голема зараза од грип.

Total
0
Shares
Поврзани објави