Јапонија откри нова мутација во Ковид-19

Јапонскиот национален институт за инфективни болести објави дека неговите претставници откриле нова мутација на коронавирус кај патниците кои пристигнуваат од Бразил, пренесува Блумберг.

Новата мутација е слична на видот пронајден во Велика Британија и Јужна Африка, соопшти институцијата. Од неговата комуникација станува јасно дека информациите за новите варијанти се ограничени и тешко е веднаш да се утврди колку се заразни и дали достапните вакцини ќе имаат ефект врз нив.

Во посебна изјава, јапонското Министерство за здравство соопшти дека на четворица патници кои пристигнале од Бразил на 2 јануари им е дијагностициран новиот вид. Маж на околу 40 години, кој бил асимптоматски при пристигнувањето, бил хоспитализиран откако неговата состојба се влошила.

Националниот институт на Јапонија ја извести Светската здравствена организација за новата верзија, објави Јомиури Шимбун, додавајќи дека институцијата проверува дали мутацијата доведува до потежок тек на вирусот.

Total
0
Shares
Поврзани објави