Јаневска: Престои уште една пропуштена година за учениците

Македонија може да се надева на уште една пропуштена година за учениците, што може сериозно да се орздази врз децата и да предизвика големи пропусти во нивното образование. Вакво предупредување упати униеврзитетската професосрка Весна Јаневска, во интервју за Прес 24, еден месец од почетокот на учебната година.

Јаневска смета дека власта во моментот нема ниту план, ниту  барем концепт, што е поразително сознание што покажува крајно непрофесионален и неодговорен однос кон образованието.

„Што и да се планира веќе е предоцна за да може квалитетно да се реализира. Официјално, колку што ми е мене познато, став во врска со типот на наставата, наставни планови и програми по кои ќе се одвива наставата во услови на епидемија на Корона вирусот Ковид19, календар за новата училишна година, па дури ни протоколи за заштита на здравјето на учениците и вработените во училиштата, за организација на училишниот простор, за хигиена на учениците и училишниот простор и инвентар не се јавно и официјално соопштени ниту презентирани, вели Јаневска.

Според неа, кај огромен број ученици така наречената онлјн настава всушност се претвори во онлајн комуникација.

„МОН многу доцни со подготовките за почеток на училишната година. Летните месеци требаше да се искористат за подготовка на наставниците кои имаа проблем со употреба на информациско –комуникационата технологија и платформите за далечинско учење, кои им беа на располагање. МОН, а и општините можеа да организираст курсеви за обука на наставниците, затоа што се покажа дека оние кои стекнале неформално образование од оваа област поуспешно се справуваа со новонастанатата ситуација, вели Јавенска во интервјуто. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави