ИСТРАЖУВАЊЕ: Стапката на смртност од Ковид-19 е многу повисока отколку од грип

Стапката на смртност кај пациенти со Ковид-19 во француските болници е трипати поголема отколку кај пациентите со обиечен грип, покажуваат резултатите од француско истражување.

Пролетта 16,9 проценти од хоспитализираните лица починаа поради Ковид-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, додека во текот на зимата 2018/2019 година само 5,8 проценти од хоспитализираните починале од грип.

Но, за разлика од почетокот на пандемиајта, пациентите сега можат да имаат подобар третман.

„Нашата студија покажува дека Ковид-19 е многу посериозен од грипот“, рече Кетрин Кантин, која ја водеше студијата во универзитетската болница во Франција.

Кантин посочи дека наодите се особено збунувачки со оглед на тоа дека сезоната на грип е 2018/2019 година, беше најсмртоносен во последните пет години.

Студијата се базира на податоци за приеми во приватни и јавни болници и опфати 135.000 пациенти.

Total
0
Shares
Поврзани објави