И во август нема патување на македонските граѓани во евро зоната

Неизвесно е дали македонските граѓани ќе можат од август да патуваат во земјите од шенген зоната. Леа Феферле, портпарол на германско претседателство со Европски Совет за ТВ 24 вели дека Брисел ќе пресече денеска.

„Европскиот совет ќе излезе со прес конференција подоцна во текот на денот. – вели Леа Феферле и додава џдека одлуката би требало да се очекува денеска во вечерните часови. 

Српската агенција Танјуг, повикувајќи се на дипломатски изврии шпекулира дека амбасадорите на земјите членки на ЕУ  нема да го ажурираат досегашниот список на држави на кои им е доволено патување во Унијата поради епидемиолошката состојба во земјите од Западен Балкан, која се оценува како доволно лоша.

Вообичаено списоците се ажурираат на секои две недели , но токму во месец август Европските институции одат на колективен одмор, така што по денешната одлука сосема јасно е дека истата ќе важи и за цел месец август. 

На листата на безбедни земји во кои ковид-19 се смета дека е под контрола и кои може да патуваат низ метрополите на земјите членки на Унијата се Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тунис и Уругвај. 

Total
0
Shares
Поврзани објави