Градинките ќе се отварат ако ги исполнуваат мерките за заштита

Државните и приватните градинки со просторни капацитети и доволно персонал, согласно протоколите за заштита од Ковид- 19,  може да почнат да работат. Тоа е согласноста постигната на денешниот состанок меѓу Комисијата за заштита од заразни болести, претставници од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството на образование.

“Ако ги исполнат протоколите, може да почнат и од понеделник, ако сакаат. Најдовме заеднички јазик и дека децата можат да бидат згрижени во градинка“, вели Александар Стојанов, член на КЗЗБ и директор на Центарот за јавно здравје.

Децата треба  да одат во градинка, без разлика дали живееме во услови на Ковид- 19 или не, е ставот на КЗЗБ. Но, малк број од градинките ги исполнуваат условите согласно препораките.

„Главна причина е недостатокот на простор. Ако успеват да направат зголемена површина на градинките, да ги растеретат децата. На пример, ако двајца родители работат, тие деца да имаат предност да бидат згри1ени во градинка“, вели Стојанов.

Според него, на состанокот се разгледувале и опции за враќање на учениците од основните и средните училишта, во школските клупи од септември.

За датум за отворање на градинките се чека официјална одлука од МТСП, а од ресорот Образование, за отворањето на училиштата,најавија дека ќе соопштат до средината на август. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави