Фото: Гужва пред новоотворен маркет, граѓаните не ги почитуваат мерките за заштита од ковод19

Утринава жителите на скопската населба Аеродром во огромен ред чекаа да влезат во ново отворен маркет. Некои од нив се обидуваа да држат дистанца, но особено пред влезот на маркетот се направи поголема гужва. Иако имаа маски сите се доведоа во опасност од пренесување на вирусот ковид19.

Во време кога државата е во кризна состојба , полицијата и војската имаат право да интервенираат и да ги растурат насобраните луѓе , за што патем и една од мерките на Владата е забрана за собирање на повеќе од четворица на едно место.

Полицијата не интервенира. Но и совеста на луѓето дека не смеат да се групираат за да се заштитат себе си и најблиските очигледно ја нема.

фото: Dosie.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави