Фокус: Двајца анестезиолози во ек на пандемијата ја напуштаат ГОБ „8 септември“ и заминуваат на работа во Систина

Двајца анестезиолози од вкупно 13 во Градската болница „8 септември“ во најголемиот ек на пандемијата со Ковид 19 одлучиле да ја напуштат и да заминат на работа во приватната болница „Систина“, неофицијално дознава „Фокус“.

Според информациите на Фокус, тие во петокот се обратиле до директорот на болницата, доктор Кристијан Костов позната како Ковид центар и во која во моментот се носат најтешките случаи за да им потпише отказно решение. Нашите извори уште тврдат дека едниот од анестезиолозите претходно веќе работел во приватната болница, но се вратил во Градската болница, од која сега сака повторно да замине.

Како што дознаваме, на двајцата анестезиолози за да останат на работа во болницата им било понудено да останат и две недели на одмор, но сепак во најтешките моменти во историјата на оваа болница да не ги оставаат на цедило нивните колеги, кои деноноќно водат битка со пациентите од кои од седум до 12 секојдневно ја губат битката со вирусот.

Тоа значи дека, ако двајцата анестезиолози заминат во „Систина“, во болницата ќе останат само уште 11. Факт е дека тие управуваат со респираторите, а нема ден во ГОБ „8 септември“ на респираторна машина да не се ставени 8 или 9 пациенти заразени со корона вирус, кои се наоѓаат во најтешката фаза.

Нашите информации ги потврдија и од болницата.

фокус.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави