Филипче не верува дека полициснки час ќе помогне во борбата против пандемијата

Mинистерот за здравство Венко Филипче смета дека полициски час по 21 часот нема ништо да промени бидејќи тогаш е прилично празно, не работат угостителските објекти и забрането е групирање на јавни простори.

Филипче тврди дека групирањето во домашни услови претставува одреден ризик, иако има препорака собирите во домашни услови да не се случуваат.

„Затоа огромен дел од ефикасноста на мерките отпаѓа на свеста кај граѓаните дека мерките мора да се почитуваат, нагласи Филипче на денешнта прес-конференцијата во Владата.

Тој верува дека мерките даваат резултати и оти во моментот не се размислува за воведување на дополнителни мерки.

„Во близу две третини од градовите има сериозно намалување на инциденцата во последните неколку недели. Остануваат критични Куманово, Штип, Прилеп, Битола и Скопје, рече Филипче“, смета Филипче.

Во однос на барањето на прилепскиот градоначалник за воведување на порестриктивни мерки во градот, Филипче за утре најави средба со раководството на Прилеп.

Според моменталната епидемиолошка состојба таму, епидемиолозите сметаат дека засега нема потреба од такво нешто.

Total
0
Shares
Поврзани објави