Филипче – полицискиот час може да биде и од 19 часот

Со новите мерки успеавме да ја амортизираме ситуацијата и да имаме линеарен пораст на заболените.Успешно се справува, со вирусот  тоа  го покажува и моментот со болничките капацитети кои  не се оптеретени. Сите одлуки на Владата даваат добри резултати. МЗ до Владата достави нови предлог мерки за олабавување на старите, а тоа се однесува на намалување на полицискиот час да започнува од 19 и да трае до 05 часот. За возрасните да започнува од  8 до 12, а за лицата помали од 18 години од 13 до 16 часот. За време на викендите да почне од 13 часот во сабота и да трае до 5 часот до понеделник.Задолжително да биде носење заштитна опрема при движење на затворени и отворени простории каде не може да се одржи дистанца од 2 метри, значи во банка, продавница треба да се носи маска бидејќи има повеќе лица ,не е задолжително носење маски на отворено односно при спортување каде има дистанца од 2м или возење велосипед, движење во дворно место. Маските ќе бидат задолжителни на отворено каде нема растојание од 2 метри посебно ова ќе се однесува за пазарите, изјави министерот за здраство Венко Филипче.

Total
0
Shares
Поврзани објави