Европол предупредува криминалци може да продаваат лажни вакцини против ковид-19 или да крадат пратки со вистински дози

Полициската агенција на Европската унија – Европол, предупреди за ризик од измами на организиран криминал поврзани со вакцините против ковид-19, вклучувајќи и можност криминалци да продаваат лажни вакцини или да крадат пратки со вистински дози. Европол посочува дека криминални групи веќе се подготвуваат да ги искористат можностите што ги дава пандемијата на коронавирусот.

Веднаш штом на пазарот ќе излезе вистинската вакцина, се очекува брзо да се појават и прошират нејзини фалсификувани верзии“, соопшти Европол.

Во документот се предупредува дека „лажните вакцини може да имаат уште посериозен негативен ефект ако се појават нови епидемиски бранови во заедници кои се претпоставува дека се вакцинирани“. Европол повикува на внимателност, бидејќи е можно криминалци да се вмешаат во развојот и дистрибуцијата на вакцините. Се очекува зголемување на опасноста кога вакцините ќе бидат достапни. Европол предупреди и дека можно е криминалците да ги собираат и повторно да ги полнат употребените шишенца со вакцини, ако тие не бидат правилно уништени.

Total
0
Shares
Поврзани објави