Експлозивниот Винилхлорид заглави во ОХИС заради коронавирусот

14 тони опасен и експолизвен винилхлорид, остаток од хемискиот гигант Охис остануваат во фабричкиот двор до наредната година, известува Телма. Скопје требаше да се ослободи од темпираната бомба најдоцна до 31.март, но германските специјалисти не сакаат да се нафатат да го уништат додека трае пандемијата. Наместо овој март да оди на уништување во Германија, собранието на доверители на загубарот ОХИС изгласало фирмата „Екоцентар – 97“ да добие уште една година грејс период за да ја заврши обврската.

Дека на Скопје нема да му случи катастрофа како во Бејрут заради летните горештини, стечјаниот управник побарал до надлежната компанија дополнителнао да набави безбедносна опрема.

Последните 20 години цистерната е заборавена и зафрлена пред фабричката зграда. За безбедноста на градот изминатите 15 месеци се грижат фирмата „Eкоцентар 97“ која го доби милионскиот договор за да острани 17 опасни и отровни хемикалии, едно лице од обезбедувањето и системот за разладување кој никако не смее да попушти.

Во Бејрут изби пожар кој го детонираше нитратот, на скопскиот винилхлорид му е потребна само атмсоферска температура повисока од 25 целзисуови степени.

Од надлежнотот минситерстово реагираат дека не треба да се прават споредби со хемикалијата која го разори Бејрут и цистерната во ОХИС, со одговор дека заради летните температури таа мора да остане во Скопје.

Фирмата со која управува Владо Момировски за прв пат работи со опасни материи, затоа ангажирале партнери од Бугарија и Србија. Прво го остранија отровниот хлор, а триста буриња со други хемиклија заминаа на уништување. По, инцидентот со истекувањето на вода со метил акрилат јавноста дозна дека ОХИС бил средиште на отровни хемикалии, а „Eкоцентар 97“ заработи казна од 3.000 евра.  Дел од ОХИС се продаде, сеуште во исечкување меѓународна компанија да се нафати да го острани отровниот Линдан, напластен и покриен со земја на неколку метри до фабричката ограда и околните куќи. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Милошоски нема корона

Почитувани пријатели,и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати.Се надевам дека овие неколку денови ќе…