Две годишно дете примено на Инфективна, се очекува бројот на пациенти да порасне на 2000

На Инфективната клиника се хоспитализирани 74 лица со што капацитетот на болницата е при крај. Денеска се примени нови шест лица од кои еден починал неколку часа по приемот.

Вчера било примено две годишно дете, кое е стабилно.

Се очекува мобилната болница да биде ставена во функција за потребите од хоспитализација и веќе се во функција тимови од интернисти кои ќе бидат од голема помош и тие од утре почнуваат.

Од вчера во функција е ставена и болницата 8-ми Септември во која ќе се користат и кревети за хоспитален третман.

Филипче истакна дека и болницата во Битола е подготвена со кревети и респиратори, која ќе биде и регионален центар.

Заболени здраствени работници има и кај нас како и во светот. Кај нас се 52 случаи од нив 34 се заболени во амбулантни услови, истакна министерот Филипче.

На донациската сметка веќе се стигнати донации во вредност од 500 илјади евра , како и медицински материјали. Оваа недела ќе биде повторена и постапката за набавка на респиратори.

Очекуваме околу 2000 пациенти , за утре на Влада ќе се дискутираат и нови мерки за заштита и превенција, рече министерот Филипче.

Total
0
Shares
Поврзани објави