Двајца починаа, 46 новозаболени, едниот вработен во Брза Помош

Според информациите од министерството за здраство на Клиниката за инфективни болести починал 70-годишен кумановец чии резултати од тестирањето се уште не се готови. Тој боледувал од висок притисок и срцева слабост. Вториот починат е 68-годишен маж од Тетово кој исто така имал проблеми со срцето. Новата бројка заболени е 46.

Според информациите кои доаѓаат од градовите во Велес е заболена полицајка а во Скопје возач во Итната медицинска помош.

Возачот самиот закажал тестирање во еден од пунктовите во Скопје, а утрово е потвртено дека е позитивен на КОВИД 19. Немал никакви симптоми.

Од Итната помош велат дека ќе се почитуваат сите протоколи. Веќе се спроведува епидемиолошка анкета на вработените, со цел да се утврди кој од нив бил во директен контакт со веќе заразениот.

Total
0
Shares
Поврзани објави