Докторот Беќаровски иронично предлага Сити мол да биде Ковид Мол

Бројката на новозаразени од коронавирусот во Македонија дневно не паѓа под илјада, а синоќа граѓаните на Скопје чекаа на долги редици да влезат на продавниците во Сити мол, по повод „Блек Фрајдеј”

Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии од долги редици на луѓе кои чекаат да влезат во трговскиот центар и да прават шопинг во продавниците во надеж дека ќе купат нешто во попуст.

На ваквото неодговорно однесување на граѓаните, но и на институциите, реагираше докторот Нико Беќаровски, кој на неговиот фејсбук профил иронично предложи Сити Мол да се претвори во Ковид Мол.

“Белград, Загреб и други градови ги преуредија своите спортски Арени во привремени Covid болници. НИЕ, ајде да бидеме покреативни, да го претвориме City Mall во Covid Mall. Ќе може да се сместат илјадници болни, а меѓу убави излози, некако и полесно се дише“ напиша Беќаровски.

Total
0
Shares
Поврзани објави