Доктор од Крушево и медицинска сестра од Битола ја изгубија битката со коронавирусот

Од компликации од Ковид-19 почина доктор Вангел Трајчулески од Крушево. Вангел Трајчулески бил хоспитализиран десетина дена во инфективната клиника, а денеска починал поради компликации од Ковид-19.

„Уште една жртва доктор. Нека почива во мир нашиот колега од Крушево, д-р Вангел. Сочувство и добро здравје до семејството“, објавија од Асоцијацијата на фејсбук.

Колегите од цела Македонија и неговите сограѓани на социјалните мрежи се простуваат од Трајчулевски.

Меѓу 24 починати во последното деноноќие е и медицинска сестра од хируршкото одделение на Битолската клиничка болница.

Во октомври почина штипскиот хирург Ѓорѓи Денков, а минатиот месец битката со ковид -19 ја изгуби интернистот Шукри Фазлији од Куманово.

Total
0
Shares
Поврзани објави