Истражување: Kога починаа мајката и синот во Велес

Алсат открива нови индикации за периодот на смртта на членовите на семејството Манојлов од Велес, кои откако беа пронајдени починати, тестот кај мајката беше позитивен на Ковид-19. Констатациите дадени од судска медицина велат дека Ванчо и Катерина Манојлови починале кон средината на март, може да бидат демантирани од сметките за електрична енергија. Во декември, семејството Манојлов имало сметка за струја од 3.300 денари, која според доказите обезбедени од Алсат, се покажало дека е платена на 17 јануари 2020 година. Во јануари, семејството потрошило електрична енергија во висина од 4.000 денари, но истрагата на Алсат покажува дека оваа сметка не била платена. За месец февруари, март и април немало потрошено електрична енергија туку на адреса на семејството Манојлови била стигната само сметка за такса која се плаќа кога нема потрошувачка на струја. Неплаќањето на сметката за јануари и другите три сметки кои се доказ дека не се трошела струја ги отвораат сомнежите дека членовите на ова семејство починале кон крајот на јануари, односно Катерина Манојлова починала кон крајот од јануари, додека нејзиниот син неколку дена подоцна.

Сомневањата ги потврдува и Центарот за социјални работи во Велес. На прашањето на Алсат ТВ врз основа на пријавувањето на соседите дека двајцата членови на семејството Манојлов веќе 3 месеци не ја добиле својата пензија и социјална помош, од овој центар дадоа важен детал.

Ванчо Манојлов беше корисник на социјална помош и гарантираната минимална помош. Неговата мајка имаше пензија. Кон крајот на јануари, Ванчо Манојлов беше во Центарот за социјална работа во Велес. Таму побарал да знае кога ќе му се исплати социјалната помош и минималниот додаток за декември. Истата помош беше платена и за јануари и за февруари -велат од Министерство за труд и социјална политика.

Дека пензиите и социјалната помош се платени, но дека немал кој да ги повлече, докажаа и соседите со кои разговараше Алсат . Според нив, парите кои биле исплатени на адреса на ова семејство биле вратени во Центарот за социјална работа. Алсат побара од Јавното обвинителство да каже дали во соработка со телефонските оператори ги обезбедиле листингот од разговорите на телефоните. Од обвинителството соопштија дека таква наредба е дадена и дека очекуваат комплетирање на постапката.

До Обвинителството до сега не стигнал ниту извештајот од истрагата на полицијата ниту извештајот од вештачењето на починатите. Дадена е наредба до операторите. Кога ќе се добијат потребните информации, ќе се одлучи за понатамошно процесирање – се вели во сопштението на ЈО.

На 10 април, Алсат ексклузивно објави дека во телото на Катерина Манојлова тестот од Ковид 19 бил позитивен. Во последното обраќање, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека за семејството Манојлов се уште не е завршен извештајот во врска со посебната истрага. Од покренатите сомнежи според првиот извештај на судската медицина, 79 годишната од Велес починала од половината до крајот на јануари а нејзиниот син неколку дена подоцна. Ова ги покрена сомнежите дали корона вирусот бил присутен во земјава и пред новогодишните празници или пак на почетокот на годината. Ова прашање беше дискутирано и во Комисијата за заразни болести од каде констатираа дека после пандемијата треба да се разгледаат анализите на 37.000 граѓани заразени од сезонски грип, со цел да се потврди дали вирусот бил присутен паралелно со грипот, кој за разлика од лани, годинава имало за 80% повеќе заразени.

извор: Alsat-m.tv

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Лекарката од Кожно која држела предавање на деца за корона се огласи – Добра сум, не сум била во контакт со директорката, спаѓам во група на низок ризик!

По големиот аларм кој го вклучија родители од Основно училиште каде минатата недела лекар од Клиниката која сега…