Димитриевски низ солзи во очите: Со луѓето кои контактирав секој ден ги нема повеќе, тие се мртви

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски утринава во директно вклучување во вестите на Сител телевизија зборуваше за моменталната состојба со коронавирусот во градот, но и за тоа како се чувствува со оглед дека и самиот е позитивен на вирусот.

Сите од штабот, вклучително и самиот немаат симптоми и се во добра здравствена состојба. Со солзи во очите рече дека бил изненаден од информацијата дека и самиот е позитивен, но чувството не е пријатно.

Јас во почетокот на епидемијата на дневна основа ги контактирав како градоначалник сите заразени до бројката 57 и разговарав со нив. Некои од нив беа под голем стрес, некои многу разочарани, особено оној момент кога излезе списокот со имиња во јавноста за кој инсистирав да се поведе истрага. Се чувствуваа дискриминирано луѓето и јас ги разбирам тие чувства особено од оваа позиција, рече Димитриевски.

Зборувајќи дека дел од оние со кои контактирал се веќе починати, градоначалникот го совладаа и емоциите.

– Човекот заклучува дека единствената сигурна работа во животот на која може да се ослони е неговото семејство и мислам дека единствено семејството во тие моменти може да биде тоа на кое можете да се ослоните. Нормално е да има емотивна реакција кај сите и да се чувствува несигурност, затоа што се соочуваме со непозната болест која гледаме, некои од тие луѓе денеска се мртви кои ги контактирав и искрено жалам за тоа, рече Димитриевски.

Целосниот разговор проследете го на линкот подолу.

Total
0
Shares
Поврзани објави