Деветмина починати, 137 новозаразени

Министерството за здравство (МЗ) информира дека се потврдени 137 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 60 нови случаи во Скопје, 16 во Штип, 13 во Куманово, 11 во Гостивар, 7 во Тетово, 5 во Битола, Дебар и Кичево, а пријавени се по три нови случаи во Прилеп, Велес, Демир Хисар и Свети Николе.

По еден нов новозаболен е регистриран во Струга, Охрид, Кочани, Пробиштип и Виница.

Во последните 24 часа се направени 1542 тестирања.

Во изминатото деноноќие починале девет лица, односно, тројца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Штип и Струга и двајца од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 94.092 тестирања на Ковид-19. Денес нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9934, бројката на оздравени пациенти е 5357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.

Total
0
Shares
Поврзани објави