Четврта жртва на вирусот во Србија: Почина лекарка во Ниш

Билјана Натиќ – Љумовиќ(59), лекар-гинеколог во Здравствениот дом во Ниш, е првата жртва меѓу здравствените работници заразени од коронавирус, а вкупно четврта почината помеѓу досега регистрираните 303 заболени од Ковид-19 во Србија.

Како што пишуваат српски медиуми, а веста ја потврдил и министерот за здравство, таа починала вчера околу 16 часот во нишкиот Клинички центар.

Починатата докторка била дијабетичар, а на распиратор била приклучена од 21 март. Претходно имала контакт со повратничка од Италија, која заразата им ја пренела и на уште неколкумина.

Total
0
Shares
Поврзани објави