Четворица починати и 19 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четворица пациенти починаа од коронавирус во земјата. Потврдени се 19 нови случаи, а излекувани се 16 пациенти.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје- седум, Куманово, Велес и Кочани по еден пациент, во Тетово и Неготино се оздравени по тројца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 65-годишна возраст примена на 11 мај, пациент од Скопје (71 години), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73 години) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41 година) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи и тоа во: Скопје-11, Куманово-два случаи и по еден случај во Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Виница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.

Total
0
Shares
Поврзани објави