Царовска уверува дека онлајн наставата ќе биде едноставно за учениците и наставниците

Министерката за образование и наука Мила Царовска, заедно со премиерот Зоран Заев на вчерашната прес-конференција ја претстави националната платформа за онлајн учење, која ќе се употребува од почетокот на новата учебна година и воедно потенцираше дека ќе биде добра замена за досегашното традиционално учење.

Министерката додаде дека со огед на условите поради пандемијата со коронавирус, посветено е големо внимание за креирање на платформата з аонлајн учење, со цел учениците да добијат квалчитет и знаење.

–Целосно ја разбирам загриженоста на родителите, како ќе одат на работа и како ќе им помагаат на своите деца при учењето. Платформата ќе биде предизвик за сите, но верувам дека ќе ја засакаме. Таа е лесна и практична и овозможува наставниците на едноставен и на креативен начин да воспостават комуникација со учениците. Националната платформа е многу повеќе од подобра замена за традиционалното учење – изјави Царовска.

Total
0
Shares
Поврзани објави