Царовска: Може да се одлага наставата со физичко присуство

Mинистерката за образование Мила Царовска најави дека онлајн наставата сигурно ќе почне на први октомври, но не ја исклучи можноста наставата со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение да се одложи.

„Она што денеска го знаеме е дека планот на Владата е наставата да започне на 1 октомври. Но, започнувањето на учебната година зависи од епидемиолошката состојба. Да карикираме, ако на 25 септември имаме голем број заразени, да, ќе стартуваме со онлјан, но со физичко присуство од прво до трето одделение најверојатно ќе го преобмислиме. Ако имаме стабилна епидемиолошка состојба, одиме со планот којшто е подготвен“, рече министерката Царовска.

Царовска рече дека измените на законите за основно и средно образование се потребни за безбедно и непречено одвивање на воспитно-образовниот процес во текот на училишната година.

Во услови на вонредни околности, учебната година да може да започне и да заврши во различно време за што треба да одлучи Владата, предвидуваат измените и дополнувањата на законите за основно и за средно образование.

Како вонредни околности, во законите се наведуваат прогласена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди. Одлуката на Владата може да се однесува на целата територија на републиката или на нејзин дел.

Total
0
Shares
Поврзани објави