Приватен клуб од Велика Британија во кој членството изнесува 25.000 фунти годишно организира патувања за своите членови во Индија или Обединетите Арапски Емирати за да примат вакцина против ковид 19.

„Најтсбриџ сркл“, сместен во Лондон, соопшти дека веќе две недели организира летови до Дубаи за своите членови што имаат над 65 години за да примат вакцини. Патувањето чини околу 40.000 фунти, а тоа вклучува лет во прва класа, сместување во луксузен апартман и вакцини.

Основачот Стјуарт Мекнил изјавил дека оваа програма наскоро ќе биде достапна за богатите индивидуалци низ светот, не само од Велика Британија.

Мекнил објаснува дека патниците слетуваат, ја примаат првата доза и чекаат за втората доза. Некои патници патуваат во периодот меѓу двете вакцини. Засега, клубот организира патувања само за членовите над 65-годишна возраст. Некои членови на клубот ја искористиле понудата за своите родители или постари роднини.

Клубот отсега нуди и опција за примање вакцина со патување во Индија. 


Извор: mirror.co.uk