Битолчанецот кој почина во самоизолација немал корона вирус

Резултатот земен посмртно од 66-годишниот пензионер од Битола, кој почина додека беше во самоизолација, е негативен на корона вирусот, објави Министерството за здравство. 

-Мажот на возраст од 66 години, кој на 30.03 од страна на МВР при извршување на рутинска контола на лице во домашна изолација, беше пронајден починат во својот стан во Битола е негативен на коронавирусот. Брисот беше земен истиот ден од страна на Центарот за јавно здравје во Битола и испратен во Скопје на анализа, се вели во соопштението. 

Total
0
Shares
Поврзани објави