Беќаровски: Давање кислород од боца во домашни услови може да ги дотепа болните од корона

Професорот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија ги предуправува граѓаните да не користат боци со кислород и концетратори за О2 во домашни услови затоа што тоа може да биде фатално по здравјето на заболените од коронавирусот.

„ Боците содржат компримиран О2 кој може да достигне притисок до 12l/min, што посебно при долготрајна неконтролирана употреба може да предизвика многу сериозни компликации. Кај сите потешки форми на Ковид-19, со појава на ПНЕУМОНИЈА, неконтролираното давање на високи дози на кислород може ДОПОЛНИТЕЛНО да го уништи веќе воспаленото белодробие. Неправилната хидратација на кислородот од боците, кој е во гасовита форма, може ДОПОЛНИТЕЛНО да го иритира белодробието“, пишува Беќаровски на неговиот Фејсбук профил.

Тој објаснува дека оксигенацијата на организмот е цела наука и несоодветното давање на кислород често може да предизвика поголема штета отколку корист.

„КОНЦЕНТРАТОРИТЕ НА 02 се многу побезбедни во тој поглед бидејќи можат максимално да произведат до 5 литри кислород во минута, доза која ретко може да предизвика хипероксигенација“, вели Беќаровски.

Освен здравствените тешки последици, неправилното ракување со кислородните боци и ненавременото затворање на вентилот, може да предизвика ЕКСПЛОЗИИ, нешто што веќе се случило во Бугарија и Србија.
„ЗАТОА, многу, многу, многу внимателно со кислородните боци во домашни услови, бидејќи може место на Вашите најмили да им помогнете, многу да им одмогнете. Медицината е сепак наука која не случајно се учи цели 12 години !!!!!!“, советува Беќаровски. .

Total
0
Shares
Поврзани објави