Министерот за здравство, Венко Филипче денеска потврди дека се водат разговори меѓу земјите од регионот да се отворат границите со една изедначена политика без ПЦР тестови.

Филипче објасни ни ЕУ нема генерална политика за режимот на границите, туку има само препораки и остава на земјите да одлучуваат секоја за себе.

„Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција ќе заземеме заеднички став“, изјави Филипче.

Тој додава дека комуникацијата со земјите од регионот се базира на тоа дека превентивните мерки треба да се почитуваат.