Министерот за здравство Венко Филипче на фејсбук ја објави приказната со среќен крај на скопјанката Весна, чија што мајка го победила корона вирусот во ГОБ „8 Септември“.

„Медицинските сестри трчаа во скафандери на 40 степени ноќта кога мајка ми се бореше со живот или смрт. Презадоволна сум од лекарите, медицинските сестри, болничарките и хигиеничарките во ГОБ „8 Септември“. Достапни беа во секое време. Благодарност до сестра Наташа од Скопје и сестра Снежана од Битола. Таква несебична помош дадоа, немам зборови за грижата кон мене и мајка ми која има 81 година и е дијабетичар веќе 30 години. Тоа што ме мотивираше да издржам овие денови е желбата за живот, моето семејство и ќерката Мила која е во изолација 15 денови сама дома. Апелирам да носиме заштитни маски, да држиме растојание и хигиена за да се заштитиме од коронавирусот“, вели Весна.

Министерот Филипче додаде дека Весна заедно со мајка и Убавка заминaле дома по 20 дена хоспитализација и лекување од ковид-19 во Градската општа болница „8 Септември“. Р.Д.