Армиски генерал во пензија оставен сам да се бори со короната

Агрон Газафер, син на поранешниот армиски генерал, Адил Газафер, на својот ФБ профил се жали на здравствените власти и ги обвинува за занемарување на неговиот татко. Тој тврди дека нема никаква медицинска помош иако барале и иако неговиот татко е десетина денови со висока температура.

Вели дека бара помош преку социјалните мрежи, бидејќи не се наоѓа во државата.

,,Имам едно прашање, која здравствена институција функционира во оваа држава ??? Татко ми како граѓанин на оваа негова татковина 10 дена со многу висока температура, без стручна помош, оставен да се лечи сам без докторска стручна помош, молејки барем една инфузија да му дадат и адекватна терапија“, прашува Агрон.

Синот на генералот тврди дека е побарано да му се даде инфузија и дека од болницата во Струга одбиле, со образложение дека не може во домашни услови. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави