Регион

Четворица скијачи настрадаа во Банско


Четворица скијачи настрадаа во скијачкиот центар Банско. ПресингТВ екслузивно од полициски извори дознава дека станува збор за грчки државјани.

Две од лицата се пронајдени под лавината и според личните докименти станува збор за Грци. По две лица уште се трага.

Спасувачи за Пресинг ТВ велат дека жртвите не ги следеле инструкциите за скијање и се нашле на терен мошне опасен, особено кога е сончев ден како денес.

Ноќта врнеше снег, на терените го има над еден метар, а бидејќи е сончево лесниот снег лесно се претвора во опасна лавина.

извор: Pressingtv.mk

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *