Моја приказна

ЕКСКЛУЗИВНО : Кој е пожарникарот кој со години тепа колеги – долго досие на насилство, а институциите молчеле


Пожарникар со даска претепал колега во службените простории на охридската пожарна и за малку ќе го убиел. Вест која пред неколку дена ја потресе јавноста.

DOSIE.MK од добро информиани извори во Охрид истражувајќи го случајот  дојде до  запрепастувачки информации . На пожарникарот вработен  во ТППЕ Охрид ова не му бил прв ваков испад. Со години ги малтретирал и физички напаѓал колегите од ТППЕ Охрид, но до сега немало никакви санкции и покренати дисциплински постапки против неговото девијантно однесување , освен една судска забрана за доближување на помалку од 50 метри на двајца колеги.

DOSIE.МК дојде и до неговото досие.

Во пожарната е вработен пред 10 години. Работел во МВР односно во затворска полиција , но по вонреден лекарски преглед е избркан од работа по што е вработен во пожарната. Неговото насилтво трае веќе пет шест години и кулминира со последниот случај кој за малку ќе завршеше фатално.

Ова е листата до која стигна нашето истражување , листата на неговите испади на работното место почнувајќи од последниот инцидент па и предходно :

1.     Нанесување на тешки телесни повреди на колега во пределот на главата со дрвена палка и на бегање-излегување удира неколку пати друг колега во просториите на ТППЕ(пријавено);

2      Нанесување на повреди на колега во пределот на главата со железен предмет во ТППЕ(пријавено);

3      Удирање неколку пати (шамар или бокс) на командир на одделение во ТППЕ(не е пријавено);

4      Кршење на стол во просториите на ТППЕ(не е пријавено);

5      Удирање шамар на колега во ТППЕ(не е пријавено);

6      Напад на неколку колеги и командирот на ТППЕ со нож(пријавено);

7      Вербални пресметки со двајца колеги во ТППЕ при што му е изречена судска забрана за доближување на помалку од 50 метри до двајцата колеги;

8      Испишување на графити(ВМРО) по зидовите, вратите на ТППЕ(пријавено непознат сторител);

9      Излегување од работно место и правење проблеми во една од околните кафеани со униформа(кршење и тепачка);

10    Заканување на бившиот секретар на општина охрид и бившиот заменик командир на ТППЕ во просториите на ТППЕ;

11     Излегување од работно место и правење проблем во една од околните кафеани во униформа(кршење и тепачка).

Ова се само дел од неговите испади изминативе години.  Сето ова  ако навремено било санкционирано и истите биле соодветно третирани , сигурно немало да се случи  последниот инцидент.

После одредувањето на притвор обвинителството е на потег да спроведе истрага до крај ,а вината за неговото однесување и несанкционирање секако да се побара кај сите кои се надлежни и одговорни оти неговите колеги стравуваат дека доколку повртоно помине неказнето ќе се врати и животите ќе им бидат загрозени.

Повредениот пожарникар кој во моментот кога бил нападнат пиел кафе е во добра здраствена состојба. Имал голема траума односно крварење во главата поради што бил опериран лично од министерот Венко Филипче. Другите коилеги кои ги тепал и на кои по 193 телефонот им се јавувал и им се заканувал се добри.

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *