Инфо - Вест

Битолчани се разбудија на минус 21 степен


Најстуденото утро во Македонија денеска го имаа битолчани со температура што се спушти до минус 21 степен.

Времето утрово е умерено до значително облачно и многу студено. Локално во северните и североисточните делови провејува снег.

Во текот на денот се очекува променливо облачно време. Локално, особено во северните делови, ќе има слаби врнежи од снег. Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер.

Максималната температура ќе достигне од минус четири до четири степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.

apla.mk