Регион

Во магацин во Бугарија пронајдени BMW5 автомобили од 1994 , ниту регистрирани ниту возени


Вкупно 11 никогаш претходно возени примероци на моделот BMW 5 (E34) од 1994 година неодамна биле пронајдени во едно старо бугарско складиште.

Складиштето се наоѓа во градот Благоевград во југозападна Бугарија, а се работи за десет седани и еден караван. Сите автомобили се произведени во 1994 година, но никогаш не биле регистрирани за градска употреба. Повеќето од нив се примероци на моделот 520, но има и неколку примероци од помоќниот модел 525.

Наводно автомобилите биле купени за рент-а-кар услуги во раните деведесетти години, но никогаш не добиле регистарски ознаки.

Фотографиите ги прикажуваат одличните германски седани во нивната моментална состојба која не е баш идеална и веројатно е резултат на лоша грижа. Сепак, внатрешноста останала беспрекорна, а во некои автомобили се’ уште стои заштитниот најлон. Ќе се продаваат по околу 15 000 евра но не можат да бидат регистрирани во Бугарија поради еуро стандардите.