Судови

Нови 30 дена притвор за Владимир Атанасовски екс директорот на УБК


Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му одреди нови 30 дена притвор на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски. Поранешниот директор на УБК е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност”.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција води истрага против него откако обвинетиот Александар Василевски Нинџа пред судот рече дека бил соработник на тајната полиција, а дека поддршка за неговото дејствување добивал од Атанасовски.

Оваа изјава обвинетиот Нинџа ја дал уште во обвинителството во јуни 2017, но обвинителката Вилма Рускоска во изјава за медиумите кажа дека чекала обвинетиот да даде исказ и на главна расправа, па да види дали ќе го потврди истото, а во меѓувреме се собирале и други докази против Атанасовски. Кога Нинџа ја даде истата изјава и во судница поранешниот шеф на УБК веднаш беше уапсен и однесен во притвор.