Моја приказна

ЕКСКЛУЗИВНО : Судијата Димишкова се исплашила од бомба


Судијата Весна Димишкова шета со полициска придружба , дознава Досие.мк. Таа се исплашила дека некој сака да и подметне бомба под автомобилот.

Деновиве кога била на работа околу нејзиниот џип пронашла купче хартивчиња извиткани како кога деца прават димни бомби. Веднаш ја алармирала полицијата и претседателот на судот по што е поднесено барање за полициско обезбедување.

Димишкова обезбедувањето го добива во време кога го ослободи Сашо Мијалков од притвор, за што се уште судот нема одговор зошто се постапувало во сабота попладне по решението за притвор. Постапката требало да заврши или во петокот или да продолжи во понеделник. Што било толку итно Димишкова која веќе пријавила користење годишен одмор да дојде во Скопје не е јасно.

Најголемо чудење било во затворот Шутка кога доцна попладнето им стигнала наредба за спровод на Мијалков до судот оти вообичаено притвореници не се носат за време на викенд кај судија на претходна постапка. Со полициска придружба и обезбедување од затворот се организирале и го однеле Михајлов кај ДИмишкова за да договорат адреса на престој.

Димишкова е судијата како судија од претходна постапка е поврзана со многу наредби за претреси и притвори за предметите на СЈО меѓу кои наредбата за претрес кај Коста Крпач и дозволата за влез во УЈП. Беше и кандидат за Претседател на судот.

Но и кога беше претходната власт беше актуела оти ги судеше големи предмети за кои денеска дел од осудените се сомневаат дека не се сработени чисто па и бараа претворање на судските случаи. Во еден од нив во момент на нервоза при изрекување пресуда и свика “ке ти летне главата ко на гулаб” по што доби уште две години затвор, а Димишкова емотивно раскажуваше во судот за стравовите од заканите кои ги добивала.

Од тогаш таа постојано е со полициска придружба, а најновиот страв е дека можеби некој ќе и постави бомба под белата хонда.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *