Инфо - Вест

На “патот на смртта” во Брвеница загина велосипедист


Вчера попладне во тетовско Брвеница загина велосипедист откако бил удрен од автомобил. СПоред првичните информации сообраќајката се случила околу 17 часот. Човекот кој го возел велосипедот загинал на самото место. Податоци за идентитетот и како се случила сообраќајката ќе има во текот на денешниот ден.

Жителите на Брвеница се револтирани бидејќи низ оваа општина поминува фрекфентен пат кој поврзува неколку села помеѓу Тетово и Гостивар. Овој дел од патот води кон село Челопек и жителите го знаат како патот на смртта поради многуте загинати на овој потег.

Многу брзо се вози и често се случуваат сообраќајки.

Жителите бараа да се постават лежечки полицајци но до сега тоа не е сторено.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *