Разно

Снежни наноси и поларен студ со температури до – 15


Утринава Македонија се разбуди во студ иако има сонце. Утринските температури се минусни и се повеќе опаѓаат. Според најавите на синиоптичарите студ и снег како и засилен ветер ќе има од вечерва поради што се препорачува внимателно возење поради голомразица. Според УХМР насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 см, на планините и над 20 см, а најмала во североисточните делови (околу 5 см). Поради засилениот северен ветер можна е појава на снежни наноси.

Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег. Најсончево ќе биде во сабота.

Во четврток минималната температура ќе биде до -9 максималната 0 , додека петок се очекува температурите да паднат до минус 15 а максималната до едвај еден степен.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *