Судови

И официјално Мијалков од Шутка заминува дома


-Постапувајѓи по предлог на Специјалното јавно обвинителство судијата на претходна постапка го прифати предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор за обвинетиот С.М. во случајот од Обвинителството означен како „Империја“, соопштија вечерва од Кривичниот суд.

Претходно денеска СЈО го достави предлогот за определување куќен притвор на Мијалков до Основниот суд Скопје1. Документите за Мијалков вчера беа вратени на доработка бидејќи биле некомплетни.

Денеска СЈО го докомплетира предлогот и судија на претходна постапка Весна Димишкова одобри бомашен притвор.