Разно

ВИДЕО:Амбулантно возило и бесплатна локална автобуска линија за скијачите на Маврово


SKI SHUTTLE автобус
Оваа сезона, почнувајќи од утре 29.12 Сабота, ски центарот воведува и бесплатна локална автобуска линија за сите скијачи и сноубордери.

Поаѓање на автобусот од почетна станица SKIBUS 1:
во 09:00 часот и 11:00 часот

Поаѓање на автобусот од почетна станица SKIBUS 9:
во 14:30 часот и 15:30 часот

Автобусот при транспортот ќе застанува на следните постојки:
SKI BUS 9 – Ски Центар SKI BUS 8 – Кај Потопената Црква
SKI BUS 7 – Кај Новата Црква SKI BUS 6 – Кај Гордана
SKI BUS 5 – Кај Носелце SKI BUS 4 – Кај Југобанка
SKI BUS 3 – Кај Егејците SKI BUS 2 – Кај Сандра
SKI BUS 1 – Кај Тетка Вики

Постојките се видно обележани со плави таблички и ознаки за автобуска постојка и име на постојката.

Напомена: SKI SHUTTLE автобусот е наменет за сите оние кои имаат ски/сноуборд опрема.

Од ски центарот Маврово соопштија дека од годинава во целост се екипираше за безбедност на скијалиштето . Во случај на немил настан или застој на скијалиште први на терен ќе одговорат Ски Патрола на Маврово кои се грижат за безбедност и ред на однесување на гостите. Годинава рaсполагаме со ново сопствено амбулантно возило и реновирана амбуланта во склоп на канцеларијата на Ски Центар. Вие скијајте одговорно, а ние ќе одговориме најпрофесионално што можеме на секоја незгода.

извор Ski centar Mavrovo