Судови

Јанакиески и Божиновски излегуваат од Шутка


Апелациониот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, Кривичниот совет донел одлука со која се укинува мерката притвор против обвинетите Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски, Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска. Последните двајца се обвинети за случајот „Империја“.

Истовремено, со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје против обвинетите се определува мерка куќен притвор.

Воедно, со горенаведените решенија према обвинетите е изречена и мерка на претпазливост – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, стои во известувањето од Апелациониот суд.

Вака донесените одлуки ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *