Судови

Паднаа првите 12 амнестии , се чека Кривичен да даде печат


Обвинителството откако ги прими веднаш почна да работи на барањата за амнестија според последниот Закон на Собранието и Владата на Република Македонија. Од таму ги го соопштија следново:

– Ја известуваме јавноста дека денеска во Јавното обвинителство пристигнаа вкупно 66 барања за амнестија доставени согласно Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје.
Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнаа 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12.

Во Основното јавно обвинителство Скопје пристигнати се 37 барања за амнестија. Поднесените барања се доставени до надлежните обвинители кои постапувале по предметите. По нивното разгледување, ќе биде доставено соодветно мислење до судот.

соопштение ЈО