Фото

ВИДЕО: Заминувањето на Стоилов : “Срамота”, рекол и треснал врата


Минатогодишниот добитник на наградата за „Најдобар спортист на Македонија“, Стојанче Стоилов синоќа демонстративно го напушти годинашниот избор организиран од Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортови на Македонија, револтирано реагирајќи на „двојазичноста“ за време на манифестацијата.

Стоилов ја напушти манифестацијата уште при доделувањето на првите две награди за училишен и за средношколски спорт кои ги добија училишта од Чаир и од Тетово. Тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обрати на албански, па во тој моментот Стоилов револтирано си заминал.

извор: Ekipa.mk